Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар

Вкупно 551 прваче денес за првпат седна во училишните клупи во осумте општински основни училишта на територијата на Општина Центар, со што официјално започна новата учебна 2026/2027 година. По повод првиот училишен ден, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети ООУ „11 Октомври“, каде ги поздрави првачињата, родителите и наставниците и им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година.
- Денес е голем ден за нашите првачиња и нивните семејства, ден кој се случува само еднаш и се памети цел живот. И јас добро го паметам тоа чувство кога моите синови Стефан и Борјан за првпат го пречекорија училишниот праг. Денес нашите 551 прваче започнуваат едно од најубавите животни патувања. Ќе учат, ќе стекнуваат нови другарства, ќе го откриваат светот и ќе растат во личности со свои соништа, идеи и вредности. Наша обврска е да им ги создадеме најдобрите можни услови на тој пат- истакна Герасимовски.

Општина Центар, додаде, и оваа учебна година продолжува со мерките за поддршка на учениците и нивните семејства. Сите првачиња добиваат бесплатни ранци, додека за учениците од прво до деветто одделение се обезбедуваат бесплатни училишни униформи. Од оваа учебна година започнува и субвенционирањето на оброкот за учениците од прво до трето одделение, со цел до крајот на мандатот оброкот да биде целосно бесплатен. За повозрасните ученици, Општината започнува и со бесплатни екскурзии.
Паралелно, као што кажа, Општина Центар продолжува со инвестициите во основните училишта, подобрувањето на условите за настава, спорт и развој, како и со поддршката на талентираните ученици.
- Сакаме училиштата во Центар да бидат места во кои децата не само што ќе стекнуваат знаење, туку ќе учат да се почитуваат, да си помагаат и да бидат добри луѓе. Места во кои нема простор за насилство и булинг, туку за другарство, толеранција и солидарност. Поддршката на учениците за нас не е само една мерка или еден проект. Таа е наша обврска и инвестиција во иднината на Центар - порача Герасимовски.
Градоначалникот на првачињата им посака многу здравје, среќа, нови другарства и успеси, а на наставниците и родителите успешна и исполнета учебна година.
МИА
Ново на Сител
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
-

Мицкоски: Обезбедени се бесплатни учебници во сите училишта во државата, Владата инвестира во децата
-

Тошковски: По 30 години во Македонија повторно имаме државно Средно полициско училиште
-

Мицкоски: Не гледам криза во Собранието која би предизвикала предвремени избори
-

39 годишник пронајден починат во дворот на битолската болница
-

КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје
-

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
-

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија
