Герасимовски: Новитет „центарска картичка“, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026

„Воведуваме центарска картичка како дополнителна услуга за жителите на Општина Центар, но и како директна поддршка и промоција на локалниот бизнис-сектор. Со оваа картичка граѓаните ќе добиваат попусти и поволности на одредени производи и услуги“, истакна Герасимовски во Дневникот на Сител, најавувајќи низа мерки за подобрување на животниот стандард наредната година.
Картичката е планирано да биде електронска и уникатна за секој жител, со сопствен бар-код, и ќе можат да ја користат исклучиво жители на Центар, додека бенефициите ќе важат само кај правни субјекти регистрирани во општината.
Со картичката ќе можат да се добијат попусти во институции, како што се театри, музеи, галерии, локални бизниси од здравство, фармација, козметика, фитнес, правни услуги, угостителство, мода, велосипеди, храна и други, за граѓаните да добијат конкретни поволности за своите потреби.
Постапката за воведување се планира да започне во средината на јануари или почетокот на февруари, а пуштањето во употреба се очекува во март.
Герасимовски најави и други мерки за 2026 година, насочени кон семејствата и образованието.
„Ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања од 2.500 на 5.000 денари, како и поддршката за новороденчиња од 7.000 на 10.000 денари. Во образованието воведуваме бесплатен топол оброк за учениците во основните училишта, ученички екскурзии низ државата и зголемување на стипендиите – за талентираните ученици за 1.000 денари, а за учениците од социјално загрозени семејства за 1.500 денари“, рече градоначалникот.
Одделение за односи со јавност на Општина Центар - Скопје
Ново на Сител
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
-

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
-

Собранието го донесе Законот за Судски совет
