Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа координативна средба со директорите на сите општински основни училишта, на која беа разгледани последните подготовки пред почетокот на новата учебна година.
На средбата, како што соопшти Општина Центар, било потврдено дека училиштата се подготвени за стартот на учебната година и за пречекот на учениците на 1 септември, а особено на првачињата кои за првпат ќе седнат во училишните клупи.
-Подготвени сме за 1 септември. Денеска со директорите на нашите осум основни училишта ги поминавме последните подготовки и сè што е потребно за учениците да ја започнат новата учебна година во добри услови. Посебно се радуваме на нашите првачиња, за кои ова е еден сосема нов и важен почеток. И оваа година продолжуваме со поддршката за учениците и нивните семејства. Обезбедуваме бесплатни униформи за учениците од прво до деветто одделение и бесплатни ранци за нашите првачиња. Од оваа учебна година започнуваме и со реализација на бесплатниот оброк за учениците од прво до трето одделение, како и со бесплатни екскурзии за повозрасните ученици. Сакаме да им олесниме на родителите, но пред сè да обезбедиме подобри услови и еднакви можности за секое дете во Центар. Нашите деца се наш приоритет и во нив продолжуваме да вложуваме- изјави Герасимовски.
На средбата со директорите се разговарало и за тековното функционирање на училиштата, условите за настава и сите прашања кои треба навремено да бидат решени пред почетокот на учебната година.
Од Општина Центар велат дека ќе бидат во постојана координација со директорите и училишните служби, со цел учениците и наставниците да имаат непречен и успешен почеток на новата учебна година.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
