Герасимовски: „Вечер под ѕвездите“, предновогодишна забава во Центар со Либеро Бенд, Brass Brothers и Дедо Мраз

Општина Центар организира предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите“, која ќе се одржи денеска на Боемска 1, во Дебар Маало.
- Ветувам добро и незаборавно расположение. За сите подготвивме по нешто - од утринските, па сѐ до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на Скопје, порачал градоначалникот Горан Герасимовски, се наведува во соопштението на Општината.
Предновогодишната програма, како што информираат од Општината, почнува во 11 часот со содржини наменети за најмладите. Ќе настапат „Златните славејчиња“, хорот на ООУ „11 Октомври“ и танцовиот клуб „Еурека“. Кристијан Бенито ќе го изведе своето магионичарско шоу, а Дедо Мраз ќе подари новогодишни пакетчиња.
Празничната атмосфера продолжува попладне со зимскиот уличен фестивал „Грин-Џ 2025“.
Вечерната програма е резервирана за добра журка. Публиката ќе ја загрее DJ Александар Јорданов, по што следуваат Brass Brothers, со електронскиот етно звук.
За самиот финиш ќе настапи Либеро Бенд , група позната на македонската музичка сцена по своите енергични живи настапи и богат репертоар од авторски песни и преработки на познати хитови.
- Не ја пропуштајте магичната предновогодишна вечер на Боемска, на 29 декември! Да ја испратиме годината заедно, со музика и добро расположение, додаваат од Општината.
МИА
Ново на Сител
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
-

Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија
