Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција рече дека забележува предзнаци на намалувањето на тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО, објави ДПА.
Писториус истакна дека во Европа и САД се зголемува взаемното признавање на целите кои треба да бидат постигнат заеднички во рамките на Алијансата.
„Тензиите се намалија. Двете страни (САД и Европа) повторно ја гледаат ситуацијата појасно“, рече Писториус.
Тој додаде дека стратегијата за безбедноста на САД, која ги пренасочи своите одбранбени напори од Европа кон внатрешноста на земјата и западната хемисфера, како и фокусирањето на контрамерки против заканите од Кина, не го загрижува, иако стратегијата предизвика загриженост во некои европски престолнини.
„Стратегијата е елоквентна - Американците очекуваат ние постепено да ја преземеме одговорноста за конвенционалното одвраќање и одбрана во Европа. Тоа не ме изненадува“, нагласи Писториус.
Министерот истакна дека зголемените средства за одбрана во последните години во некои земји, особено во Германија, покажуваат дека Европа веќе се движи во оваа насока. Според неговите зборови, САД, исто така, ја нагласиле својата „витална улога“ во Алијансата, што влијае и на нуклеарното одвраќање.
„Кога ќе се земат предвид сите овие фактори, јасно е дека двете страни имаат интерес за заедничка работа во рамките на НАТО, дури и ако тоа значи дека треба да се реорганизира“, истакна министерот.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
