Германскиот министер за животна средина за забрана на електронските цигари

Германскиот министер за животна средина Карстен Шнајдер, се залага за забрана на електронските цигари за еднократна употреба во земјата.
– Тоа е мојата многу јасна претпочитана опција, изјави политичарот од СДП за ДПА.
„Јас сум силно за тоа“, додаде тој.
Е-цигарите за еднократна употреба, популарно познати како „вејпови“ (vapes), станаа сè попопуларни меѓу младите и тинејџерите во последните години, при што кинеските брендови како „Елф Бар“ (Elf Bar) и големите тутунски компании како „Филип Морис“ (Philip Morris) држат силни позиции на пазарот.
Овие производи се веќе забранети во Белгија, Франција и Обединетото Кралство.
Германскиот Бундестаг, долниот дом на парламентот, во ноември побара од владата да ја разгледа можноста за забрана на овие производи. Бундесратот, или горниот дом, веќе даде поддршка за забраната, но владата изрази одредени резерви поради правни прашања.
Шнајдер рече дека неговиот став се заснова на загриженост за здравјето, животната средина и безбедноста.
– Тие нешта се опасни. Ако завршат во објект за отстранување отпад, можат да експлодираат, и навистина експлодираат, рече министерот и додаде дека секојдневно има пожари во објектите за отпад.
Тој изјави дека тоа не само што ги загрозува вработените, туку е штетно и за животната средина.
Според проценката на индустриската асоцијација BfTG, жителите на Германија оваа година ќе потрошат 2,4 милијарди евра (2,8 милијарди долари) на е-цигари. Околу 10 отсто од таа сума се троши на производи за еднократна употреба, што е пад во споредба со 40 проценти во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
-

Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио
-

ЛШ: ПСЖ со пресврт победа над Монако, Реал го преживеа пеколот во Лисабон
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Не паркирајте под дрвја поради силен ветер, апелира „Паркови и зеленило“
-

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност
-

Панчевски поднесе кривична до членовите на Советот на обвинители
