Гевгелија е на прагот да стане прва општина во земјава со колективен имунитет против Ковид-19
Гевгелија е на прагот да направи колективен имунитет. Околу 70% од возрасната популација во оваа општина веќе е комплетно имунизирана со две, а над 2200 граѓани ја примиле и третата бустер доза. Процентот дополнително го зголемуваат граѓаните кои вакцина примија на пунктовите во другите градови, но и надвор од државата, а не се влезени во статистиката на болницата.
Според директорот на гевгелиската болница, ваквите бројки, но и големиот процент на прележани во минатиот период веќе ја доближуваат Гевгелија до посакуваниот колективен имунитет.
Од гевгелиската болница се надеваат дека во зајакнувањето на колективниот имунитет во овој дел од државата влијание ќе има и зголемениот интерес за трета доза, пред се од постарата и средна генерација на граѓани.
Во моментов во Гевгелија како позитивни на корона вирус се водат 103лица. Најголемиот дел од нив се со лесна клиничка слика и без потреба од болнички третман.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар