Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска дека неговата цел е да настапи на Летните Олимписките игри (ЛОИ) во Лос Анџелес, кои ќе се одржат во 2028 година.
„Навистина, сакам да продолжам. Реков дека мојата цел е Лос Анџелес во 2028 година и Олимписките игри. Но, знаете што, нема ограничување за мене. Ќе видиме. Знаете што мислам? Јас само продолжувам. Обожавам да ја удрам тениската топка и сакам да се натпреварувам. Им кажав на момците со кои разговарав, големите имиња во фудбалот, дека навистина сè е околу страста и љубовта. Сè додека навистина чувствувате дека играте на високо ниво и вашето тело ве служи – зошто да не“, истакна 38-годишниот Ѓоковиќ во изјава која ја пренесуваат српските медиуми.
Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Дубаи, каде во неделата му беше врачена наградата „„Globe Sports Award”за достигнувања во спортот.
„Продолжувам да придонесувам во светскиот тенис. Доаѓаат големи промени и сакам да бидам дел од нив. Продолжувам да се грижам за тоа како помладите генерации ме перципираат, не само поради резултатите, туку и поради мојот карактер и вредности“, додаде Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер е носител на златниот медал од Олимписките игри во Париз 2022.
МИА
Ново на Сител
-

Поранешниот венецуелански лидер Николас Мадуро затворската ќелија во САД ја дели со уште 18 затвореници
-

Еден загинат и најмалку 30 лица повредени во руски напад на Киев
-

Без струја улици во Гази Баба и Ѓорче Петров
-

Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
