Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ забележа победа во финалето на АТП 250 турнирот во Атина откако го совлада Лоренцо Мусети од Италија со 2:1 во сетови по три часа игра. Ова за Ѓоковиќ е 101-турнирска победа и сега е на чекор зад Рожер Федерер со 103 и Џими Конорс, кој има 109.
Финалето на почна како што посакуваше Ѓоковиќ, откако ривалот го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Но, српскиот тенисер го освои вториот сет со 6:3.
Во решавачкиот сет српскиот тенисер имаше предност. Прво направи брејк за водство до 2:1 во гемови, но Мусети изедначи на 3:3. Во следниот гем нов брејк за Ѓоковиќ и водство од 4:3. Но, кога сервираше за меч италијанскиот тенисер изедначи на 5:5.
Следуваше нов брејк на Ѓоковиќ во 11.тиот гем за 6:5 откако ја искористи четвртата брејк-топка. Во следниот гем на свој сервис без загубен поен ја искористи меч топката за конечни 7:5 во третиот сет.
За Мусети поразот во финалето значи дека нема да учествува на завршниот Мастерс што почнува утре во Торино.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен водач на навивачка група од Тетово, учествувал во тепачка и оштетил возило
-

Се бара куќен притвор за судијата со заѕидани 350.000 евра
-

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител
-

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
-

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
-

Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба
-

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса
-

Продолжи судењето за убиството на турски државјанин во кафуле во Штип
