Ѓоковиќ со победа над Алкараз обезбеди финале на Завршниот мастерс во Торино

Новак Ѓоковиќ преку Карлос Алкараз избори пласман во финалето на Завршниот мастерс во Торино. Негов противник во обид да ја освои рекордната седма титула на овој турнир ќе му биде домашниот фаворит Јаник Синер, кој претходно го победи Данил Медведев.
Публиката во Торино очекуваше уште еден епски меч, какви што беа нивните соочувања во Мадрид, Вимблдон и Синсинати, меѓу првиот и вториот играч на АТП листата, но доби „one man show“.
Ѓоковиќ славеше за само 88 минути со 6:3, 6:2 и само потврди дека Алкараз не е на потребното ниво во финишот на сезоната.
Неверојатно сигурен беше Ѓоковиќ во текот на целиот меч. Му дозволи на Алкараз две брејк топки во првиот гем и уште две во шестиот гем од вториот сет. Четирите брејк топки ги спаси со добри сервиси.
Од друга страна Србинот дојде до брејк во седмиот гем од првиот сет, а потоа во третиот и седмиот гем од вториот сет.
Нестварно делува податокот дека Ѓоковиќ во текот на целиот меч имаше само осум неизнудени грешки, Алкараз имаше 14 повеќе.
Финалето Синер-Ѓоковиќ, утре ќе започне во 18 часот.
Ново на Сител
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
