-->
-->
Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-->

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновата ранг листа на ВТА објавена денеска и се наоѓа на 208. место со 367. бодови.
Ѓорческа напредуваше 14. позиции поради нејзиниот одличен настап на овогодишниот грен слем турнир во Вимблдон.
Триесетиедногодишната Ѓорческа успешно ги мина трите квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка со настап на грен слем турнир, пред да биде поразена во првото коло од шестата носителка Аманда Анисимова.
Најдобриот пласман на ВТА листата на Ѓорческа останува 170. место на кое беше рангирана во 2017 година.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дипломатската мрежа на едно место во Скопје - дипломатијата да не биде пасивна во длабоките геополитички промени, економската дипломатија во фокусот
-

Сончево и многу топло, температурата до 39 степени
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
