Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека до крајот на годинава се очекува да започне процесот на проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња, можеби на нова локација, бидејќи постојниот објект на ЈП „Лајка“ не може да се доградува поради урбанистички ограничувања.
Одговарајќи на новинарско прашање, Ѓорѓиевски рече дека во наредните денови јавноста ќе биде запознаена со споредбени податоци за бројот на случаи поврзани со нападнати граѓани од кучињата скитници во периодот пред и по преземањето на раководството со Град Скопје и „Лајка“.
Тој оцени дека е постигнат видлив напредок во справувањето со проблемот, но нагласи дека сѐ уште не е целосно решен.
Според Ѓорѓиевски, Град Скопје има обезбедено финансиски средства за проширување на капацитетите, но изградбата и доградбата на постојната локација е оневозможена поради нерешени урбанистички прашања.
- Постоечката локација е на диво изградена во минатото и деталниот и генералниот урбанистички план не дозволуваат да го прошириме капацитетот таму. Бараме друга опција и верувам дека до крајот на оваа календарска година ќе започнеме со процес на доизградба на капацитети, можеби на друга локација што моментално ја утврдуваме - истакна Ѓорѓиевски.
Градоначалникот посочи дека градските служби работат на изнаоѓање соодветно решение кое ќе овозможи подобри услови за згрижување и третман на бездомните кучиња и поефикасно справување со овој долгогодишен проблем во главниот град.
МИА
Ново на Сител
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
-

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка
-

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе
-

Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-

168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп
-

Марковски: Вештачењето нарачано од одбраната на Јованов е селективно и со сериозни методолошки пропусти
-

Рекордна невработеност на високообразованите во Германија
-

Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик
