Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите

Мега парк од 50.000 м² во Бутел, најави градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, како трајно решение во борбата со депониите.
-Таму каде што со години се трупаше отпад, создаваме простор за детски насмевки, семејни прошетки, спорт и дружење. Децениската негрижа ја претвораме во зелена гордост на Скопје. Со Дарко Костовски дадовме збор дека ова место повеќе нема да биде заборавено. Денес, тој збор го исполнуваме со работа и видливи резултати. Затоа што довербата на народот се заслужува со дела - напиша скопскиот градоначалник на својот Фејсбук профил.
Појаснува дека долж булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“, првиот дел од 8.000 м² е целосно завршен, со зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони.
- Паралелно работиме на преостанатите 42.000 м², со целосно хортикултурно уредување и содржини за сите генерации. Паркот ќе има и сопствен систем за наводнување со техничка вода, за долгорочно одржување на зеленилото. Со уредувањето на овој простор создаваме трајно решение против повторното формирање депонија. Вложуваме во почист воздух, поздрава животна средина и поквалитетен живот во секое маало. Бутел добива ново зелено срце. Скопје добива уште едно место за гордост. Скопје го правиме заедно - пишува Ѓорѓиевски на ФБ.
MIA
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
