Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека интензивно се работи на обнова и модернизација на Зоолошката градина во Скопје, со реновирање на постојните и изградба на нови живеалишта за животните.
-Со силна посветеност и конкретни дела ја модернизираме скопската Зоолошка градина, место во кое растеле генерации, се создавале најубавите детски спомени и се раѓала љубовта кон животните и природата. Токму затоа, нејзината обнова за нас е голема одговорност. Скопје заслужува Зоолошка градина со која ќе се гордее, а животните заслужуваат квалитетни услови, стручна грижа и достоинствен третман - напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Тој информира дека во изминатиот период се заменети крововите, поставени се нови огради кај лавовите и дополнителни заштитни огради, изграден е моторички парк за најмладите, а во тек е и обновата на платото пред Зоолошката градина.
-Нашите заложби се насочени и кон збогатување на животинскиот свет со нови видови, со соодветни живеалишта и услови приспособени на нивните потреби. Секој чекор мора да биде воден од грижата за животните и од одговорноста што ја имаме кон нив - наведе Ѓорѓиевски.
Според него, целта е ЗОО Скопје да прерасне во водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните.
-Создаваме подобри услови за животните, посетителите и вработените, со нови содржини кои ќе ја направат секоја посета побогата, поубава и поучна - истакна скопскиот градоначалник.
Ѓорѓиевски посочи дека Зоолошката градина овој месец одбележува еден век постоење, нагласувајќи дека јубилејот го пречекуваат „со работа и со цврста решителност обновата да продолжи“.
-Заедно, ја градиме иднината на ЗОО Скопје, со цел да биде една од најдобрите зоолошки градини на овие простори! За нашето Скопје и за генерациите што доаѓаат! - порача Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
