Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот.
-Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар; Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот ,,Македонија”. Најдоброто, доаѓа!, објави Ѓорѓиевски попладнево на неговиот фејсбук-профил.
Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна завчеравечер по примеопредавањето на функцијата од досегашбата градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши утревечер.
Деновиве со механизација и рачно се чисти коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.
Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта"- Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
