Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта

Градот Скопје интензивно продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта, следејќи ја визијата за создавање здрави, активни и мотивирани генерации. Инвестициите што се реализираат во моментов, како што вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставуваат важен чекор кон обезбедување современи услови за спорт и рекреација, кои ќе им овозможат на средношколците повеќе можности за развој, дружење и градба на спортски навики.
-Со поставување фокус на квалитет, безбедност и функционалност, новите и реконструираните терени стануваат директна инвестиција во иднината на младите и темелот на посилно и поенергично Скопје. Нови и модерни спортски терени добиваат средните скопски училишта. Горд сум кога нашата визија што ја градиме, полека добива своја форма, што ми дава уште поголема инспирација и мотив да продолжиме уште посилно. Со силна и јасна цел да ги мотивираме средношколците да живеат здраво, ставаме огромен фокус во инвестирањето во спортската инфраструктура.
Ова е инвестиција во здрави генерации кои се темелот на нашата иднина, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Во моментов, како што посочи, се во реализација нови и реконструирани спортски терени, во училишта: СУГС „Браќа Миладиновци“ - повеќенаменско спортско игралиште, СУГС „Здравко Цветковски“ - повеќенаменско игралиште со специјално уредени спринт-патеки, СУГС „Димитар Влахов“ - ново фудбалско и кошаркарско игралиште, СУГС „Кочо Рацин“ - фудбалско игралиште, терен за одбојка и целосно реконструиран под во спортската сала, СУГС „8 Септември“ - игралиште за кошарка и одбојка и СУГС „Ѓорѓи Димитров“ - тениско, кошаркарско и фудбалско игралиште.
-Сите овие терени се градат со високо-квалитетни и издржливи материјали, односно полипропиленски спортски подови од ист тип како оние што се користеа на Летните Олимписки игри во 2024 година. Ова е стандарден избор кога се сака безбедност, издржливост и професионални услови за тренинг. И тука не застануваме. Спортот е навика, дисциплина, карактер и тимска работа. Затоа, во континуитет ќе продолжиме да ја развиваме и унапредуваме спортската инфраструктура низ целото Скопје. Затоа што Скопје заслужува, а младите, повеќе од било кој, портенцира Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Роберт од Скопје кој доживеал тешка повреда на мозокот
-

Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
-

Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
-

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
-

Приведен 44-годишен маж од Прилеп поради „тешка кражба“ во манастир во Неготино
-

Традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
