Македонија
21. January 2026 - 12:11

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски објави видео од состојбата на улиците во главниот град.

„Скопје, чисто и проодно!

Со навремена и организирана реакција, градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол, обезбедивме безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Грижата за безбедноста на граѓаните и функционалноста на градот останува наш приоритет, Скопје мора да функционира, без разлика на временските услови.“, напиша Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

 

Ново на Сител