Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода

Скопје ја памети цената на својата слобода и нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски информира дека утрово ја одржал традиционалната средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
- Им се заблагодарив за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации, наведува Ѓорѓиевски.
Тој потсетува дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донеле слободата на Скопје.

- Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град. Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје, во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа, порача градоначалникот.
Ѓорѓиевски нагласува дека како градоначалник одговорноста ја носи со длабока почит и решителност да се гради Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот.
- Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите! Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела! Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември! Слава на борците за слободно Скопје!, наведува Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
-

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
-

Променливо облачно со локален дожд, од понеделник пораст на температурите
-

Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати
-

САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји
