Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат

Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со договорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија (РСМ). Ова се вели во ставот на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев, по повод инаугурацијата на Гордана Сиљановска-Давкова.
Ова, како што пренесува БТА, е и ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, кој претходно денеска го пренесе, прес-службата на неговиот кабинет.
Импичмент нема да ги пополни браните или фрижидерите на луѓето, ниту ќе ги зголеми пензиите, туку најмногу ќе ги наполни плоштадите и ќе доведе до дефинитивен колапс на Владата, изјави бугарс
- Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора строго да се спроведуваат. Убедени сме дека европската перспектива на Република Северна Македонија целосно зависи од имплементацијата на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрениот од Европскиот совет во јули 2022 година, се посочува во соопштенијата од кабинетите на Главчев и Радев.
Двајцата, исто така, потсетуваат дека Република Северна Македонија е членка на НАТО, од кое што произлегуваат соодветните обврски и одговорности.
Новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, вчера ја презеде функцијата откако положи заклетва пред Собранието, при што во името на државата ја изостави придавката „Северна“, што предизвика низа реакции од Грција и ЕУ за почитување на Договорот од Преспа од 2018 година.
Ново на Сител
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
-

Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет
