Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ

Очекувам Северна Македонија да ги почитува договорите и ќе ги потсетам европските колеги какви обврски беа преземени уште на 18 јули 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка и какви се Патоказите за прием на земјата во ЕУ, изјави бугарскиот премиер Димитар Главчев при пристигнувањето на денешниот прв ден од Самитот на ЕУ во Брисел.
- Во декември 2023 година тоа беше малку поконкретизирано и фокус беше ставен на уставните измени. Во последно време слушаме изјави од партиски лидери, но и од владини раководители во Северна Република Македонија дека нема да се извршат такви измени, рече Главчев.
Тој нагласи дека ќе ги информира европските лидери какви се состојбите и што досега беше усвоено во однос на ова прашање.
Запрашан дали Бугарија разговарала со Грција за преземање на некакви заеднички акции, бугарскиот премиер изјави дека засега не станало збор за нешто такво, но дека и тоа не е исклучено во иднина.
- За мене е важно да покажам каква е бугарската позиција, која впрочем е и европска позиција, изјави Главчев, додавајќи дека засега има намера само да ги потсети европските колеги што се случува, бидејќи за Бугарија тоа е важна тема.
Ново на Сител
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
