Глумецот Џин Хекман и неговата сопруга починале од природна смрт
Оскаровецот“ Јуџин - Џин Хекман починал од природна смрт, околу една седмица по неговата сопруга Бетси Аракава. Таа починала по зараза со редок вирус, соопшти медицинскиот истражувач во Санта Фе, Ново Мексико, САД.
Хекман (95) почина во својот дом во Санта Фе од коронарна артериска болест. Напреднатата Алцхајмерова болест, како фактор, само придонела за смртта.
Аракава (64) почина во истата куќа од хантавирус пулмонален синдром (ХПС) - болест на дишните патишта, обично предизвикана од изложеност на заразени глодари. И причината за нејзината смрт е наведена како природна, објави „Би-би-си“. Властите веруваат дека таа починала седум дена пред нејзиниот сопруг, со кого била в брак повеќе од 30 години.
Со ова се потврдија првчните наводи коишто исклучија насилство или какви било криминални дејства и намери во двата смртни случаи.
Во текот на својата кариера, Хекман имал околу 100 улоги, а освои два „Оскари“, за главната улога во „Француската врска“ (The French Connnection) и споредната во „Непростено“ (Unforgiven). Зад своето име има и 34 други награди за глума, како и 40 номинации за други одличија.
Ново на Сител
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран