Македонија
5. January 2017 - 17:31
Годинава двојно повеќе заболени од грип
Грипот добива на интензитет. За една недела регистрирани се околу 9.500 случаи. Според податоците од ИЈЗ ова е двојно повеќе од истиот период лани. Најмногу новозаболени има во Скопје, Струмица, Велес и Кавадарци. Најпогодени се децата. Преполни со хоспитализирани пациенти се и Клиниката за детски болести и Институтот за белодробни заболувања во Козле. Лекарите велат дека вирусите оваа сезона предизвикуваат тешки компликации, најчесто бронхопневмонии..
Лекарите велат дека најавените ниски температури и снегот ќе го намалат ширењето на грипот.
Грипот коси во целиот регион. Во Хрватска е прогласена епидемија и има починати од компликации, а Србија го продолжи распустот на учениците поради зголемениот број болни.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
