Македонија
24. August 2025 - 16:40

Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка

Околу 65 милиони килограми куртовска капија, популарно наречена ајварка се очекува да бидат набрани годинава во земјава. Ова се проценките на  производителите и откупувачите кои веќе се во екот на бербата. Иако приносот е нешто намален во споредба со минатата година, количините се сметаат за стабилни, особено со оглед на неповолните временски услови.

Според договорот постигнат  помеѓу министерството за земјоделство, откупувачите и преработувачите пред почетокот на откупот , цените се движат од 20 до 50 денари за килограм, во зависност од квалитетот и класификацијата. Ова претставува зголемување од околу 15 проценти или пет денари по килограм повеќе во споредба со лани. Со оглед на намалените приноси, земјоделците очекуваат договорените услови да се почитуваат до крајот на откупната сезона. 

Преработувачите, од своја страна, апелираат до земјоделците да не брзаат со бербата и најавуваат дека целата реколта ќе биде откупена.

Освен во домашните преработувачки капаците голем дел од македонската куртовска капија оди и за извоз, а најголем интерес во моментов има од Србија, Хрватска и Бугарија.