Годишна конференција на Македонска берза

Во Охрид денеска и утре ќе се одржи 24-та Годишна конференција на Македонска берза.
Конференцијата ќе ја отворат Главниот извршен директор, Македонска берза АД Скопје Иван Штериев, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и претседателот на Комисијата за хартии од вредност Бујаре Абази.
Како што е најавено, за предизвиците на монетарната политика во услови на зголемена неизвесност ќе зборува гувернер на НБРСМ Трајко Славески и Главен извршен директор, NLB Ljubljana, Словенија Блаж Бродњак.
Овогодинешната програма на конференцијата вклучува значајни теми, како: македонските и регионалните економски перспективи, можностите и предизвиците за IPO и раст на домашни компании, развојот на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови, важноста на малите берзи, влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и трендовите во дигиталната трансформација на компаниите.
Годишната конференција на Македонската берза е еден од најважните финансиски настани во Македонија, на кој учествуваат клучни фигури од финансискиот сектор, вклучувајќи банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, како и регулатори, академици, претставници на медиумите итн. Конференцијата има и меѓународен карактер, со говорници и учесници од странство, особено од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа.
Македонската берза повеќе од две децении организира годишни конференции, кои се настан со препознатлив имиџ, како од аспект на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и од аспект на компетентноста на учесниците на бројните панели, презентации и говори.
МИА
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
