Македонија
16. December 2020 - 20:13

Годишно обраќање на Пендаровски - за корона кризата, лидерската средба, интеграциите

Корона пандемијата и заштита на здравјето на граѓаните е клучна тема во годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците. Шефото на државата говорот го почна со едноминутно молчење во знак на почит на оние што ја изгубија битката со вирсот, но и со благодарност за здравствените работници кои речиси цела година неуморно спасуваат животи. Пендаровски со порака новогодишните и божиќните празници да се прослават дома.

Втората голема тема на која зборуваше шефот на државата беа црвените линии во разговорите со Софија, како и барањата за лидерската средба и посебна парламентарна седница за нив.

Според Пендаровски и покрај бугарското вето нема дилема дека Македонија мора да продолжи по европскиот пат. Членството во други организации може да се прифати само ако не е замена за членството во ЕУ.

Правната држава и справувањето со корупцијата е она на кое што суштински треба да работи Владата, порача шефот на државата. Тој од власта побара и закон за попис во кој ќе бидат вградени и конструктивните забелешки на опозицијата, но и операцијата да се спроведе согласно стандардите на ЕУРОСТАТ.

Пендаровски побара да се изгради и надпартиска национална стратегија за младите луѓе за да се спречи, како што рече, демографската катастрофа, но и масовното иселување од државата.