Loading Video...
Кошарка
19. October 2022 - 11:31
Голден Стејт и Бостон со победи ја започна новата сезона во НБА лигата
Со два натпревари ноќеска започна новата 77.ма сезона во НБА лигата
Актуелниот шампион Голден Стејт со убедлива победа над ЛА Лејкерс ја започна новата сезона во насилната светска кошаркарска лига НБА.
„Воините“ предводени од својот најдобар играч Стеф Кари славеа со 123-109. Кари средбата ја заврши како најефикасен во 33 поени, два повеќе од неговиот опонент на спротивната страна Леброн Џејмс кој оствари дабл-дабл, придодавајќи и 14 поени.
Со прикажаната игра Голден Стејт најави дека и годинава ќе биде еден од главните фаворити за шампионскиот трофеј.
Во дербито на истокот. Бостон славеше во дуелот со Филаделфија со 126-117. По 35 поени за победничкиот тим постигнаа Џејлен Браун и Џејсон Тејтјум кој придодаде 12 скокови, заокружувајќи го својот одличен настап со дабл-дабл. На спротивната страна и Џејмс Харден постигна 35 поени, а Џоел Ембид имаше дабл-дабл со 26 поени и 15 скокови.
Ноќеска на програмата се дури 12 натпревари, а дербито ќе се игра во Феникс каде „Санси“ го пречекуваат Далас „Маверикс“.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->