Loading Video...
Кошарка
2. January 2022 - 14:42
Голден Стејт ја доби Јута за прва позиција на Западот
Дербито на Западната конференција што се одигра во Солт Лејк Сити, го добија кошаркарите на Голден Стејт кои ја победија Јута со 123-116, со што ја прекинаат победничката низа на Џезерите од шест натпревари без пораз.
Стеф Кари со 28 поени и 9 асистенции беше најзаслужен за новата поеда на „Воините“, за кои Ендру Вигинс придодаде 25 поедни. Со овој триумф Голден Стејт се врати на првото место на западот со една победа повеќе од Феникс, а две од Јута.
Чикаго пак го презеде првото место во Источната конференција.
До својот 24-ти триумф Булси стигнаа на гостувањет кај Вашингтон кого го совладаа минимално со 12-119 и тоа благодареие на тројката со звукот на сирената на Демар Дерозан. Тој средбата ја заврши со 29 поени и 9 асистенции, додека неговиот соиграч Зек Лавин беше најефикасен на натпреварот со 35.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->