-->
-->
Голем бод за Македонија против Белгија
-->
Во третото коло од квалификации за СП 2026 Македонија ремизираше со Белгија со резултат од 1:1.
Де Кујпер во 28' минута погоди за водство на Белгија од 0:1, додека пак Алиоски во 86' минутата го постигна израмнувачкиот гол за македонската репрезентација.
Претходно гол за Македонија постигна и Елмас но беше поништен поради минимален офсајд.
По овој резултат Македонија се наоѓа на второто место во групата со 5 освоени бода по Велс кој по три одиграни кола има 7 бода. Следуваат Казахстан со 3 бода и две одиграни средби, Белгија со 1 бод со една одиграна средба и Лихтенштајн со 0 бодови и три одиграни средби.
Следниот натпревар Македонија ќе го има веќе во понеделник против репрезентацијата на Казахстан
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд