Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе

Податоците поврзани со 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании се украдени во голем хакерски напад, објавија денеска властите во Летонија.
Податоците како што се имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Се уште не е јасно кој стои зад инцидентот.
Премиерот Андрис Кулбергс изјави дека не може да се исклучи дека нападот е извршен од друга земја.
Кулбергс нареди истрага за инцидентот и ја критикуваше администрацијата што го информирала за кражбата на податоци дури подоцна.
-Морам да кажам дека сум непријатно изненаден од прилично детското однесување на службата за ИТ безбедност што постои во некои регулаторни тела и владини институции“, рече премиерот. Тој спомена претходен хакерски напад врз Државната управа за шумарство во јуни. Два „сериозни кибер инциденти“ што се случија во краток период беа јасен сигнал дека се потребни дополнителни безбедносни мерки – рече тој.
-Ова сега е буквално прашање за национална безбедност – рече Кулбергс.
МИА
Ново на Сител
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
