Балкан
10. August 2025 - 11:29

Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села

Пожар од големи размери го зафати јужниот дел на Албанија. Во општина Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села, а се вложуваат максимални напори да се спречи ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица”.

-Критичната е состојба во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. Евакуации беа извршени во Ливина и Ардасово. На терен е присутен и министерот за одбрана Пиро Венгу, објавија медиумите.

Високите температури и силниот ветер го фаворизираат ширењето на пламените јазици, во чие гаснење се вклучени  пожарникари од Финиќ, Делвина, Кониспол и Саранда, припадници на армијата, а се гасне и од воздух.

-На постарите лица им беше понудена и медицинска помош, а од безбедносни причини, сообраќајот е ограничен на патот  Музина – Бистрица.

Ограничувањето ќе продолжи до крајот на операцијата, изјавил министерот Венгу.

миа