Македонија
16. September 2026 - 8:47

Голем успех за 12-годишниот Македон: Примен во престижната програма за таленти на „Џонс Хопкинс“

Голем успех за 12-годишниот Македон Димитровски, кој е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, САД.

Како што објави неговиот татко Владимир Димитровски, програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет, а Македон по тестирањето го добил и признанието „Grand Honors / SET“ за исклучителни резултати по математика и вербални способности.

„Grand Honors“ претставува највисоко признание за особено високи резултати во рамките на CTY тестирањето, додека SET – Study of Exceptional Talent е програма на „Џонс Хопкинс“ за ученици кои постигнуваат резултати значително над очекуваното за нивната возраст.

Македон уште на 11-годишна возраст постигнал 1.440 поени на SAT тестот, од кои 740 поени по математика и 700 по читање и пишување.

Зад себе има и повеќе од 20 златни медали освоени на меѓународни математички натпревари.

Неговите родители велат дека зад бројните успеси стои огромната љубов кон знаењето и дека се исклучително горди на неговите досегашни достигнувања.