Македонија
21. December 2021 - 16:43

Голема полициска акција: Приведени тројца полицајци и петмина цариници за пренесување на наркотици

Десет лица се приведени за шверц, препродажба на дрога и супстанци за производство на наркотични средства. Голема полициска акција беше спроведена во кумановско Диво насеље, Скопје и Тетово. Меѓу уапсените се тројца полицајци и петмина цариници. Еден од нив кој по распитот бил пуштен на слобода тврди дека дрогата не била пронајдена кај полициски службеник. Според него, сите полицајци биле браќа.  

Обвинителството информираше дека истрага ќе покрене за 9 лица, а според информации на Сител од истрагата со посебна пријава ќе биде опфатен полицискиот службеник кај кој бил пронајден и одземен кокаин. Според обвинителството двајца полицајци и 5мина цариници овозможиле на меѓунаордниот аеродром Скопје да биде пропуштена поголема количина на недозволени супстанци.

„Осомничените царински службеници спротивно на нивните службени надлежности и покрај тоа што за пристигнатата стока модулот за управување со ризик при системот СОЦДАД определил црвен канал, што подразбира задолжителен детален преглед со кој ќе се спореди фактичката состојба со декларацијата, не постапиле и не извршиле соодветна контрола со која би ги утврдиле неправилностите.“ - велат од ОЈО.

Во два наврати минатиот месец тие требало да организираат стоката да биде пренесена од царинскиот терминал на аеродромот до зелениот појас во близина на границата со Косово.

Обвинителството за гонење организиран криминал веќе неколку месеци постапувале на сузбивање на криминалната група.