Големи поплави во Словенија, во тек евакуација, порои носат автомобили
Поради поројниот дожд, кој паѓа од четвртокот вечерта, бројни противпожарни единици во некои делови на Словенија работат цела ноќ. Според податоците на словенечката Управа за заштита и спасување, во последните 12 часа се регистрирани повеќе од 1.000 несреќи, а на помош пристигнале пожарникари од 168 противпожарни служби. Луѓето мораа да бидат евакуирани од три кампови.
На некои места во Штаерска се огласија сирени како предупредување поради опасност од поплави.
Словенечката агенција за животна средина поради долготрајните врнежи кои ќе предизвикаат дополнително издигнување и излевање на водотеците издаде црвено предупредување за североисточна, северозападна и централна Словенија, со важност од денеска до полноќ.
Пожарникарите во текот на ноќта претежно испумпувале вода од поплавените објекти, заштитиле неколку одрони, отстранувале отпад од под мостовите и спасувале потопени возила од поплавените патишта, се вели во соопштението на Управата за заштита и спасување на Република Словенија.
Како што напишаа, забележале 1.039 случувања во регионалните центри Цеље, Крањ, Љубљана, Марибор, Мурска Собота, Нова Горица, Постојна, Птуј и Словењ Градец.
Во северното крајбрежје најмногу проблеми имало во Толмин и Идријско-Церкљан, а како што изјави за Радио Словенија регионалниот началник за цивилна заштита, Само Космач, поплавени се куќи, активирани се неколку одрони кои ги затрупале патиштата, во Башка грапа морале да се евакуираат жителите на две куќи.
Во текот на денот се очекува поголемо излевање на реките.
Многу патишта се затворени поради последиците од невремето, поплавите, наноси од песок и кал и одрони. Затворени се автопатот Горењски, клучката Лешче кон Караванке и Горењскиот автопат, клучката Брник кон Љубљана.
Во моментов поради поплави и голем број затворени патишта сообраќајот на магистралниот пат Горење меѓу Крањ и клучката Љубљана – Брод е пропуштен и за возила без вињетка.
Поради невремето на подрачјето на општина Идрија во моментов се во тек поголем обем на интервенции. Се активираат одрони, некои патишта се веќе поплавени, меѓу другото непрооден е и патниот правец Идрија-Сподња Идрија.
Непроодни или едвај проодни се и некои околни патишта, соопшти општинската цивилна заштита. На граѓаните им се препорачува да ги напуштат домовите само во итни случаи.
Ново на Сител
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?