Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
Гори шума над селото Нивичани, на Осоговските Планини, петнаесетина километри од Кочани. Пожарот е пријавен вечерва, нешто по 18 часот. Според информациите од теренот, огнот зафатил поголема површина и претставува закана за неколку викенд-куќи во близината на селото.
Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека се ангажирани сите расположливи средства и дека гаснењето се одвива во координација со Доброволното противпожарно друштво и екипи на ЈП „Национални шуми“.
– Пожарот се шири со голема брзина поради сувата вегетација и повремениот ветер. Во момементот 40 пожарникари и доброволци се вклучени во локализирање и заштита на објектите, соопштија од кочанската противпожарна служба.
Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење во близина на пожарот и уште еднаш потсетуваат на потребата од внимателно однесување во природа, особено во летниот период кога опасноста од пожари е зголемена.
МИА
Ново на Сител
-
Вардар ја победи фаворизираната Лозана
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени