Македонија
10. August 2026 - 10:49

Град Скопје: Се реконструира главниот мост над Маркова Река, можно отежнато одвивање на сообраќајот

Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево.

Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред.

- Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста за сите граѓани - потенцираат од Град Скопје.

 

МИА