Град во кој е забрането да се почине

Неодамнешната епидемија на антракс во Русија го потврди она што властите на норвешкото арктичко гратче Лонгир, го знаат многу одамна - дека смртта би требало да биде нелегална.
Бремените жени исто така, се советуваат да се породуваат надвор од градот.
Гратчето со 2.100 жители, го донел овој необичен закон во 1950 година. Причината за тоа се крие во пермафростот, кој го спречува распаѓањето на телата во гробиштата. Тоа значи дека смртоносните вируси најверојатно „ќе преживеат“, а тоа пак претставува опасност за луѓето, но и животните кои се живи, објави интернет страницата WN.com.
Тоа, според написот, ја објаснува и епидемијата на антракс во Русија во 2016 година, кога топлотниот бран го одмрзна пермафростот (или т.н замрзната почва), што беше последица на ширење на бактериската болест од мртов елен на други елени, при што угинаа повеќе од 2.300 единки.
Научниците, во лешеви на Алјаска и во Лонгир пронајдоа траги од шпанска треска, па денес смртно болните жители на оваа област одат на друго место да починат. А пак, телата на оние кои „нема да го испочитуват законот“ се погребуваат во друг град.
Единствениот исклучок е кремацијата, која ги уништува или деактивира опасните вируси.
Инаку, Лонгир не е единствено место на светот кое забрани умирање. Повеќе градови во Италија и Франција имаат сличен закон, но причината за тоа е пренатрупаноста на локалните гробишта.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
-

Мицкоски на презентација на извештајот на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
-

Делегација од Конгресот на локални власти на Советот на Европа во посета на Собранието
-

Во Франција поради насилство на протестите на средношколците приведени 5.060 лица, 14 се во притвор
-

Украина со 650 дрона ја нападнала московската област, 105 уништени на приодите кон Москва
-

Трамп потпиша одлука за проширување на пристапот до дизел гориво ослободено од данок
-

Божиновска на вториот министерски самит за енергетика во Белград
-

Јаневска ќе се обрати на 77-годишнината од основање на Градежниот факултет
