Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
Се заобиколувале закони, а безбедносните стандарди биле игнорирани.. Градежното вештачење изработено од професорот Горан Марковски, открива низа пропусти во пренамената и реконструкцијата на објектот во кој работела дискотеката „Пулс“.. Анализата на материјалите, документацијата и законите, покажала дека пожарната опасност, била целосно занемарена..
„Градежното вештачење за жал покажа дека во случајот „Пулс“ системот, односно институциите и поединците, не функционирал. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регалутивите, ниту процедурите – накратко, не било почитувано ништо!“, изјави во судницата Професорот од Градежниот факултет, Горан Марковски.
Во објектот имало 10 градежни зафати, но за ниту еден немало проект, надзор или инспекциски записник.. Според професорот, вештачењето покажало дека безбедноста на посетителите, воопшто не била предмет на интерес при реконструкцијата и пренамената на објектот.. За родителите, е нејасно како повеќе од една деценија никој не забележал дека се прават незаконски градежни зафати во „Пулс“..
„Ако 12 години имало реконструкции без проект, без надзор и без инспекциски записник, тогаш не зборуваме за еден пропуст, туку, зборуваме за систем кој предолго не гледал таму каде што требало, а цената ја платија 63 млади животи“, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица.
Вештачењето покажало дела објектот требало да спречи ширење на пожарот, но како што рече во судницата професорот Марковски, и за тоа „Пулс“ имал негативна оценка..
Резултатите од вештачењето изработено од Градежниот факултет, го следи и одбраната на обвинетите.. Тие ги анализира архиектот Мирослав Грчев кој е ангажиран како технички советник на одбраната.
За пожарот во „Пулс“ им се суди на 34-ца, одговараат за тешки дела против општата сигурност по трагедијата во која загинаа 63 млади лица..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
