Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани стандардите, регулативата и процедурите

Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс", системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежнниот факултет, нагласи дека вештачењето покажало дека безбедноста на посетителите воопшто не била во интерес при реконструкција и пренамена на објектот за дискотеката „Пулс".
Во текот на постапката, Марковски нагласи дека извршиле неколку посети на локацијата и биле направени анализи на примероци од материјали и целокупната документација.
-Две години пред почетокот на кочанската трагедија во земјотрес на Хаити во јануари 2010 со магнитуда од 7 и времетраење од поповолна минути има 160 илјади жртви. Месец подоцна во Чиле во земјотрес со магнитуда од 8,8 и траење од три минути животот го губат 550 лица. Прашањето е од каде имаме 300 пати повеќе жртви. Од каде оваа разлика? Одговирот е - во Чиле е градено со почитување на стандарди за градба кои ја гарантираат безбедноста на градбите и со тоа на луѓето - изјави Марковски.
За сето ова да функционира, нагласи, е потребен систем што ќе функционира и гарантира почитување и спроведување на стандардите.
-Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Оние процедури кои треба да обезбедат почитување на стандарди и регулативи. Или едноставно не било почитувано ништо - изјави Марковски.
Струката и институциите, продолжи Марковски, мора да обезбедат безбедни градби, не може да се очекува од гостите и посетителите без разлика дали е дискотека, киносали или хотел да се прашуваат дали се безбедни. Затоа, посочи тој, во Член 3 од Закон за градење се вели дека секоја градба, зависно од намената, која е дефинирана во детален Урбанистички план.
-Нема закон што може да донесе и предвиди нешто различно од ДУП. Но, она што е најважно тука бидејќи фокусот е на безбедноста ... степенот на безбедност зависи од намената на објектот пропишана во ДУП. Основни барања кои мора градбата да ги обезбеди и нема тука компромис. Не случајно во основните барања за градбата е ставена и заштита на пожари - нагласи Марковски.
Не смее и не може, подвлече Марковски, на објекти за различна намена да користиме исти материјали, затоа што ризиците од пожари се различни за различни намени на користење и тоа не е само за опасноста од пожари.
Тој, исто така, направи паралела меѓу законските услови за градба за заштита од пожари и тоа што открило вештачењето за случајот со дискотеката „Пулс“.
Прво треба да се сочува носечкиот систем на конструкцијата за одреден временски период.
-При пожарот во „Пулс“ многу брзо е дојдено до уривање на дел од кровната конструкција што покажува дека воопшто не е водено сметка. Да се корегирам, можеби за индустрија кога била конструирана да, но за дискотека не - рече Марковски.
Второ, градбата треба да го спречи ширењето на пожарот и чадот во градбата и на соседните објекти. - За жал, како што наведе, и овде имаме разочарувачко сознание.
-Градбата во случај на пожар треба да овозможи лицата неповреден да ја напуштат градбата, односно да овозможи нивно спасување. На крај, градбата треба да биде така конструирана за да обезбеди заштита и лесен пристап на спасувачките тимови. -За жал, видовме и ова не е исполнет - рече Марковски.
Заклучокот, како што наглаис, е дека практично немало никаква заштита од пожари во објектот.
-Овие пропусти се од самата конструкција на градба за нејзината првична намена и нејзината реконструкција. Ова градбата си го носи постојано. Во принцип објектот оваа слабост си ја носел од моментот на користење како дискотека. Можело и да не се случи, но тоа е фактор среќа - изјави Марковски.
Тој, исто така, појасни дека објектот е составен од два дела и тоа еден со одобрение за градба од 1999 и втор кој е дивоградба легализирана 2011 за лесна индустрија и потоа пренамената за
-Намените се според ДУП. Одобрението за градба не може и не смее да се издаде без да биде наведена класата на намена на објектот. Пренамената и евентуалното одобрени мора да се заснова на можност или алтернатива можност дадена во ДУП - рече Марковски.
Вештакот потоа презентираше хронологија на вршени градежни зафати и реконструкција во објектот.
-Ниту една фаза на градежни зафати во периодот 2012 - 2024 не е проследена со проект, надзор или инспекциски записник - изјави Марковски
На почетокот, изрази сочувство на семејствата на загинатите во несреќата и нагласи дека целта на вештачењето е да се утврдат причините за несреќата, за да се спречат вакви трагедии во иднина.
Во однос на вештачењата и приговорите на одбраната, Марковски рече дека го радува што не наишле на различни факти, туку само на различни толкувања што само ги зајакнува наодите.
Прашан дали нашле некој и најситен детал во насока на зголемување на безбедноста на посетителите на дискотеката, Марковски рече - за жал не.
Судењето продолжува со изведување на градежно вештачење на објектот "Пулс" и распит на вешти лица кои го изработиле денеска во судницата во „Идризово“ продолжува.
Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
