Градоначалничката Арсовска ја прекинува изградбата на 2 моста во Скопје - И БРТ проектот оди во заборав
Мостот на АСНОМ ќе биде мост за ловење риба, тој нема да се догради вели градоначалничката Арсовска. Голем проблем се нерешените имотни прашања со жителите, а тоа требало да се реши пред да почне изградбата.
Има 11 спорови меѓу граѓани кои треба меѓу себе да ги решат, 25 се во подготовка, без согласност за цена и се во Влада. 44 предмети се за приватизација, а 16 за корисничко право. Започнати се проекти кои нема да се завршат во следните десет години и за кои е градот многу задолжен“.
Нема да се гради ниту мостот на Љубљанска во Карпош 4. БРТ проектот е прекинат бидејќи според анализите на експертите тој не ни требало да почне да се реализира вели Арсовска. На ова реагираа од СДСМ
Ветувањето на Арсовска за бесплатен автобуски превоз ќе може да се реализира за две години. Жичарата на Водно ќе биде повторно во функција пред Нова Година.
ВД директорот на Улици и патишта тврди дека нема да дозволи снегот да предизвика хаос во сообраќајот.
Градоначалничката најави дека депонијата Вардариште целосно ќе биде затворена, а просторот урбанизиран. На денешниот брифинг Арсовска го обвини поранешниот градоначалник дека ја задолжил градската каса со 50 милиони евра и почнал да реализира проекти за кои не обезбедил пари.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
