Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје

Повторно се воспоставува желеничката врска меѓу Зелениково и Скопје. Од 1 септември на таа релација ќе сообраќа воз осум пати дневно во двата правца. Возот тргнува од Зелениково и ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната е Железничката станица Скопје.
Возовите од Зелениково ќе тргнуваат во 6:20 часот, 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот, а во обратен правец, од Железничката станица Скопје, во 5:32, 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот.
Според најавите, патувањето од Зелениково до Скопје и обратно ќе трае околу 25 минути, зависно од поаѓањето.Возниот ред е усогласен со распоредот на ЈСП Скопје.
Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“. Втората делница од проектот е од Миладиновци, Илинден, Маџари, до главната централна железничка станица, а третата е од централната железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација
-

Гаши се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен
-

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
-

Најмалку 19 луѓе се повредени во судир на воз и автобус во Франција
-

Три деца и наставник убиени во пукање во основно училиште во Орегон
-

Американски тренер во гимнастика осуден на 90 години затвор за детска порнографија
-

Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на Македонија, најмногу за телефонски и видео повици
-

Протести во Софија, се бараат оставки од Јотова и Радев
