Градскиот парк во Скопје прелеан со емоции: Леон го прослави 13-тиот роденден опкружен со љубов и поддршка

Градскиот парк во Скопје вчера беше место на вистинска солидарност, емпатија и топлина. На познатата локација Школка, младиот Леон, кој наполни 13 години, го одржа својот отворен инклузивен роденден, на кој присуствуваа бројни граѓани, пријатели и поддржувачи.
Оваа година роденденската прослава имаше посебно емотивно значење за Леон. По години исполни со здравствени предизвици и операции и родендени поминати само во кругот на семејството, оваа година Леон упати отворена покана до сите луѓе со добро срце.
Овој настан имаше за цел да се покаже дека различноста не значи осаменост и дека аутизмот е само поинаква способност што бара разбирање и прифаќање од целата заедница.
Со насмевки, балони и позитивна енергија, присутните испратија силна порака за инклузивност. Настанот уште еднаш потврди дека кога заедницата ќе се обедини, добрината и поддршката можат да ја претворат секоја борба во убава заедничка приказна.
Леон дуваше свеќички насмеан и исполнет со радост за големата прослава, замисли желба и заедно познатите македонски пејачи ја испеа роденденската песна.
Организаторите и семејството се заблагодарија на сите кои издвоија време да бидат дел од овој ден и со тоа му докажаа на Леон дека никогаш повеќе нема да биде сам.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
