Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови
Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорот на Германската развојна банка за Југоисточна Европа, Клаус Милер денеска во Владата ќе потпишат договор за неповратен грант од ЕУ во износ од 5,5 милиони евра, кои ќе се искористат за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во државава.
- Средствата се обезбедени преку Инвестициска рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework)/ специјализирана Регионална програма за енергетска ефикасност (REEP Plus) и го надополнуваат заемот кој Министерството за образование и наука (МОН) го обезбеди од Германската развојна банка (KFW) за модернизација на државните студентски домови, со цел подобрување на квалитетот на живеење за студентите и намалување на CO₂ емисиите, информира МОН.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите