Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и од разни видови пороци

Осумнаесет основни и седум средни училишта низ државава добиле грант од Министерството за образование и наука за спроведување активности од програмите за заштита на учениците од разни видови пороци, насилство иделинквенција.
На веб-страницата на МОН се објавени резултатите од јавните повици (за основни и за средни училишта) за доделување средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ученици, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од употреба на алкохол, пушење, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции, програма за спречување учество во игри на среќа и за заштита од малолетничка делинквенција за учебната 2025/2026 година.
Грантови добиле основни училишта во општините Аеродром, Гази Баба, Дебарца, Долнени, Кавадарци, Карпош, Кисела Вода, Крива Паланка, Куманово, Липково, Македонски Брод, Могила, Тетово, Центар, Штип и училиштето на Град Скопје за ученици со посебни образовни потреби „Иднина’.
Според објавените резултати, добитници на грант од МОН се и седум јавни средни училишта - од Радовиш, Куманово, Штип, Битола, Берово, Неготино и од Дебар.
МИА
Ново на Сител
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
-

Почнува европската воена мисија на Гренланд
-

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судски совет бидејќи има нов Закон
-

Министерот Муцунски и раководството на МАСИТ со заеднички активности за стимулирање на извозот и нови инвестиции
-

Бебе починало во болницата во Кавадарци
-

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
