Грција се подготвува за невремето „Адел“, во одредени делови на земјата сè уште се пребројуваат штетите од претходниот бран

Западниот и северозападниот дел на Грција, Епир, Јонските острови, се очекува повторно да бидат зафатени од невреме, додека сè уште ги пребројуваат штетите од претходното кон крајот на минатата седмица, а новиот бран под името „Адел“ во следните денови се очекува да ја зафати целата земја, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, на островот Крф, поради новиот бран превентивно се затворени училиштата, додека во планинските делови во Епир и во околината на Јанина, сè уште не се санирани штетите од претходниот бран.
Во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција вчера се одржа состанок на Комисијата за процена на опасности поради најавеното невреме со силни дождови и грмежи, а во текот на денешниот ден се очекува да се одржи нов состанок.
Претходниот бран со обилни врнежи од дожд од четвртокот до саботата ја зафати западна Грција, предизвика поплави, лизгање на земјиштето, штета на домови и на инфраструктурата, а најпогоден беше островот Крф.
МИА
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
