Loading Video...
Спорт плус
26. јуни 2021 - 19:59

Грците ја забранија трката во Серес поради името Македонија

Повторно политиката се замеша во спортот и за викендов закажаниот Твинго куп во Серес Грција е откажан откако грчките власти не дозволија трката да биде одржана.  Сметката од ваквата одлука ја платија не само нашите натпреварувачи туку и возачите од Србија, Унгарија и Словенија. 
Според информациите трките во Серес биле најавени за бодување во Централно европската зона и контактите помеѓу организаторот и Грците за користење на патеката оделе преку АФМ. 
Проблемот настанал во претходните 10-тина дена кога домаќинот почнал да уценува и барал лиценците издадени од АФМ да бидат со натписите Северна Македонија а не како досега само Македонија како што беше и на трките на Хунгароринг и Словачка. 
Обид да го решат проблемот направиле и највисоките официјални лица на двете земји но Грција не попуштила со став дека не може да се учествува на трката со лиценци на кои пишува АФМ. 
На ова реагирале возачите од другите земји кои барале тие да настапат бидејќи платиле висока котизација за користење на патеката но трки викендов нема да се возат поради тврдиот став на Грција.