„Гринпис – Бугарија“ пријави над 170 нафтени дамки во бугарските води на Црното Море

Повеќе од 170 нафтени дамки и бродско гориво се регистрирани во изминатата година во бугарските води на Црното Море, со вкупна површина од 819 квадратни километри, покажуваат податоците на невладините организации „Гринпис – Бугарија“ и SkyTruth, пренесува БТА.
Резултатите се сумирани во интерактивна карта, соопштија од прес-центарот на „Гринпис – Бугарија“.
Нафтените дамки се откриени преку систем што користи сателитски податоци од Sentinel-1 на Европската вселенска агенција. Картата ги прикажува дамките во периодот од 6 јули 2024 до 26 јуни 2025 година, при што се вклучени само разлевања што се двојно потврдени од експерти на „Гринпис“ и SkyTruth по проверка со софтвер, објаснија од организацијата.
Експертите посочија дека дамките најчесто се резултат на испуштање на валкани води од бродови, контаминирани со нафта, бродско гориво, хемикалии и тешки метали. Овие води се собираат во најдолниот дел на бродовите, каде што се наоѓа машинското одделение. Кога бродовите испуштаат необработени отпадни води во морето, нафтата се шири на површината и формира дамки, појаснија од „Гринпис – Бугарија“.
Организацијата нагласува дека овие дамки го намалуваат квалитетот на водата, ги нарушуваат основите на синџирот на исхрана во морето и претставуваат ризик за животните.- Нафтените дамки често се потценуваат и не добиваат внимание колку големите нафтени разливања, коментира Мартин Томов, координатор на кампањата „Живо Црно Море“ во „Гринпис – Бугарија“. Според него, ова загадување ретко се евидентира во официјалната статистика.
Во почетокот на декември минатата година, „Гринпис – Бугарија“ го претстави документарниот филм „Јас, морето – живот во тишина“, кој има за цел да покаже дека Црното Море е уникатно, со посебни видови и живеалишта.
МИА
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
