Македонија
7. September 2026 - 16:57

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија

Артан Груби не се чуствува виновен за злоупотребата на над девет ипол милиони евра во Државна лотарија, ниту пак виновни се чуствуваат останатите обвинети кои денеска беа присутни во Кривичниот суд. Единствено обвинетиот Башким Авдиу, член на надзорниот одбор за приредување игри на среќа, не се произнесе за вина бидејќи не разбирал македонски и бараше обвинението да му биде преведено на албански јазик. На екс директорот на Државна лотарија пак, Перпарим Бајрами кој е во бегство, судот одлучи да му се суди во отсуство. Ова беше епилогот од почетокот на денешната главна расправа.

Според Обвинителството,  иако обвинетите првично требаше да се гонат за проневера во службата, не обезбедиле доволно докази за тоа кривично дело, па ги гонат за злоупотреба на службената положба и овластување. За куќниот притвор на Артан Груби, обвинителот Коцев вели имале информации од службите дека му е загрозена безбедноста на Груби ако оди во ефективен притвор, па доколку му се случело нешто, тие ќе требало да одговараат.

Одбраната на Групи пак, ќе докажува дека е невин со обемен доказен материјал кој го доставија до судот. 

Перпарим Бајрами како поранешен прв човек на Државна Лотарија, Груби како вицепремиер на Владата, Методија Димевски генерален секретар на Владата и уште петмина членови на надзорниот одбор на акционерското друштво за приредување игри на среќа, ја злоупотребиле својата положба и злоупотребиле околу 9ипол милиони евра од Државната лотарија. Иако првично беа гонети од Обвинителството за злоуптреба на над осум милиони евра, на денешната расправа обвинителите ја преиначија цифрата во нешто над 590 милиони денари, односно околу 9ипол милиони евра.