Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, ги демантираше тврдењата изнесени од Александар Маленко оценувајќи ги како невистинити и измислени.
Во својата реакција, Груевски наведува дека никогаш во животот не се сретнал ниту разговарал со Маленко, како и дека тој никогаш не бил тема на какви било разговори или активности поврзани со него.
Тој ги отфрла и наводите дека во деновите непосредно пред неговото заминување од Македонија престојувал во хотел во Охрид заедно со своите деца и поранешната сопруга. Според него, тоа лесно може да се провери преку нивното присуство на работните места и во училиштето, како и преку бројните состаноци што ги имал во Скопје во тој период.
Груевски потврдува дека во истиот хотел престојувал неколку месеци претходно, за време на велигденските празници, кога дознал дека објектот е во сопственост на таткото на тогашната сопруга на Маленко. Според неговите зборови, тогаш му било пренесено дека Маленко сакал да стапи во контакт со него, но до средба не дошло.
Во реакцијата, поранешниот премиер оценува дека приказната изнесена од Маленко е „измислена“ и „нелогична по многу основи“. Тој посочува дека ретко реагира на, како што вели, секојдневните напади и невистини насочени кон него, но овојпат решил јавно да се огласи затоа што, според него, неоправдано биле споменати членовите на неговото поранешно обезбедување.
„Тие немаат никаква врска со моето заминување од Македонија“, наведува Груевски во својата реакција.
Ново на Сител
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
