„Гугл“ ја засили борбата против злонамерни мрежни следачи

„Гугл“ има две нови надградби поврзани со функцијата за предупредување од злонамерни мрежни следачи, коишто треба да го олеснат откривањето за корисниците на уреди со „Андроид“ (Android).
Безбедносната новост првично воведена во јули 2023 година автоматски испраќа известувања до корисникот доколку со него „патува“ несаканиот „Блутут“ следач. Така, првата надградба за широка употреба им овозможува на корисниците на паметни телефони – привремено да престане испраќањето локација, до мрежата „Find My Device“ за наоѓање на уредот, доколку се открие непознат мрежен следач. „Гугл“ потоа ќе ја паузира оваа функција 24 часа.
Исто така, секој што ќе добие предупредување за непознат следач, ќе може да го открие со функцијата „Блиско пребарување“ (Find Nearby). Откако ќе го најде, „Гугл“ нуди инструкции за физичко оневозможување на ознаката.
„Блутут“ следењето изминатве години сѐ почесто се злоупотребува. Наводите говорат и дека едно следење на „Ер-таг“ можеби довело до неколку убиства. Како одговор, „Епл“ и „Гугл“ ја засилија борбата против мрежното следење. Во таа насока е и новата спецификација „Детектирање несакани мрежни следачи“ (Detecting Unwanted Location Trackers), којашто е поврзана со „ИОС“ и „Андроид“.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
