„Гугл мапс“ со сѐ повеќе новитети засновани на вештачка интелигенција
Директорите на „Гугл“ во мај ја претставија функцијата „Имерсив вју“ за рути, којашто овозможува навигациски фотографии за планирани патеки. Сега оваа опција е достапна за корисниците ширум светот.
Кога корисникот се движи пешки, на велосипед, во јавен превоз или во свое возило, новата опција ќе му овозможи и виртуелно да се движи по улиците следејќи визуелни слики на патеката што ја избрал. Функцијата, надградена со технологијата за вештачка интелигенција, ќе биде достапна за уредите со „ИОС“ и „Андроид“ почнувајќи од оваа недела за Амстердам, Барселона, Лондон, Даблин, Фиренца, Лас Вегас, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк, Париз, Сан Франциско, Сан Хозе, Сиетл, Токио и Венеција, т.е. во САД и 20 земји во Европа.
„Гугл мапс“ обично се користи во сѐ поголем број електрични возила како дел од екосистемот „Андроид аутомотив ОС“.
Корисниците наскоро ќе можат да бараат блиски дестинации коишто исполнуваат повеќе езотерични критериуми.
Ново на Сител
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод
-
Илиоски ја одбрани титулата светски првак
-
Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
-
Облачно и свежо време со повремен дожд и северен ветер
-
Средба Гаши - Ал Субаие: Подготвеност за продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот
-
ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина
-
Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата